Стресот и неизвесноста се секогаш тука во текот на разговорите за работа, а понекогаш можат истите да се споредат со кошмар кој не сакаме да го сонуваме никогаш повторно.
Во поголемиот дел од случаите тоа се само стандардни интервјуа, за кои е познато што треба да се очекува пред влегување во канцеларија.
Така во јавноста се појави информација дека милијардерот Елон Маск од потенцијалните кандидати за работа бара да решат една загатка, за да можат да се вработат во „Space X“ или пак во Tesla, пренесува Mirror.
Според машинскиот инженер, како и корисничка на социјалната мрежа TikTok, загатката гласи:
„Стоите на површина на Земјата. Шетате една милја на југ, милја на запад и милја на север и завршувате од таму каде што сте тргнале. Знаете ли каде сте?“.
Под видеото веднаш почнале да се нижат коментари со можни одговори:
„Во вашата глава, поради тоа што ова прашање ја негира теоријата на релативитет“, „Дома сум, поради тоа што не ме вработил“, гласеле некои од коментарите на корисниците.
Сепак, точниот одговор не е само еден.
Првиот одговор како што одговараат поголемиот дел од инженерите е Северен пол, а потоа Маск ги прашува: Каде уште би можеле да бидете?
Втор одговор би бил – некаде блиску до Јужниот пол.
Сепак, милијардерот на ова прашање не го бара точниот одговор, туку сака да види како неговите кандидати за работа размислуваат и обработуваат одредени информации.
Извор: Novosti.rs