Социјалната мрежа X (поранешен Твитер) во сопственост на Илон Маск е блокирана во земјите ширум светот.

Беше блокиран во Кина, Иран и Туркменистан уште кога се викаше Твитер, а годинава беше блокиран и во Венецуела, Бразил и Пакистан. Освен во овие земји, X е забранет и во Русија, Мјанмар и Северна Кореја.

Додека повеќето од овие земји им забранија на своите граѓани пристап до мрежата, Бразил отиде чекор понатаму.

На крајот на август, Врховниот суд на Бразил нареди „итна суспензија“ на платформата X во земјата, откако истече рокот на милијардерот Илон Маск да назначи правен застапник за социјалната мрежа во Бразил.

Во одлуката, судијата Алехандро де Мораеш нареди „целосна и итна суспензија“ на Х во земјата додека платформата не ги исполни сите судски наредби, вклучително и парична казна од 3,28 милиони долари и назначување правен застапник во Бразил.

Мораеш, исто така, рече дека поединците или компаниите кои ќе се обидат да користат X ќе бидат казнети. Претходно оваа година, истиот судија му нареди на Х да блокира одредени сметки вклучени во, како што рече, лажни вести и говор на омраза.