Интернет мрежата Starlink базирана на сателитите во сопственост на SpaceX, ќе им овозможи на корисниците двојно поголема брзина на интернет оваа година.

Оваа информација преку Twitter ја објави основачот и директор на SpaceX, Елон Маск.

Компанијата моментно ветува брзина на интернет помеѓу 50 и 150 Mbps, но Маск најави дека брзината од 300 Mbps е цел за оваа година, како и падот на латенцијата до 20 ms.

Иако оваа брзина не е новост, сепак е поголема од онаа до која многу луѓе моментно имаат пристап, посебно во областите со мала или средна популација. Маск истакна дека сателитите се најдобри токму за ваквите области.

Starlink мрежата во моментов е достапна за ограничен број на корисници, а претплатата изнесува 99 долари.