Родителите треба да обрнат големо внимание на малку поинакви симптоми доколку се сомневаат дека нивното дете е заразено со сојот омикрон, предупредува британскиот лекар Дејвид Лојд, особено привлекувајќи внимание на, како што рече, чудниот исип на телото.
Тој изјави за „Скај њуз“ дека младите пациенти со омикрон доживуваат симптоми, како што се малаксаност, силни главоболки и губење на апетитот, а родителите треба да обрнат внимание на тие симптоми.
Лојд додаде дека луѓето со омикрон имаат и чуден исип, така што до 15 проценти од децата заразени со новиот сој на коронавирусот добиваат исип на кожата.
Иако е премногу рано да се каже, најновите податоци за омикрон сугерираат дека тој е исклучително заразен, додава Лојд, и се надева дека не е смртоносен како делта-сојот.