Упорноста некогаш се исплати – ова неодамна го докажа и бугарскиот програмер Љубомир Владимиров.
Имено, тој на Twitter го прашал Eлон Маск дали може да го користи неговиот лик и лого за видео играта која ја развива. Играта се заснова на компанијата на Маск, „SpaceX“ и планот за колонизација на Марс, во која Илон би бил еден од ликовите.
Dear Elon,
I’m a game dev. and I am making a game about colonizing Mars with you and SpaceX in it. If you think it’s cool, all I need is the “Go ahead” to use your name and Logos.I will post this every day for a year or until I get a Yes or a No!
154 / 365— Lyubomir Vladimirov (@lvladimirovBG) January 12, 2021
„Драг Елон. Јас сум програмер на видео игри и моментално работам на една во која сте вие и „SpaceX“. Ако мислите дека тоа е во ред, сè што ми треба е вашата потврда дека смеам да го користам вашето име и лого. Ќе го објавувам ова цела година, секој ден додека не добијам одговор. 154/365“, напишал програмерот, со тоа означувајќи ја 154-та објава.
По 22 недели односно 154 дена, милијардерот конечно му одговорил:
„Можеш да нѝ го украдеш името/логото и веројатно нема да те тужиме“, напишал Маск во свој стил.
Okay, back to work! https://t.co/8oPfvGM5y0
— Lyubomir Vladimirov (@lvladimirovBG) January 13, 2021
По ваквата објава, Владимиров одговорил дека „веднаш се враќа на работа“, но и му рекол дека ќе му плати 80 отсто од профитот доколку видео играта навистина биде успешна.
Извор: B92.net