Компанијата DJI претстави нова генерација на својот популарен „селфи“ дрон – DJI Neo 2, кој носи голем број технолошки подобрувања.

Новиот дрон Neo 2 доаѓа со напредни LiDAR сензори насочени напред и инфрацрвени сензори на дното од уредот, што овозможува многу побезбеден лет и попрецизно следење на подвижните објекти.

Дополнително, дронот сега може да го следи корисникот со брзина до 12 метри во секунда, што е значителен скок во споредба со неговиот претходник. Капацитетот на батеријата е зголемен на 1.606 mAh, така што Neo 2 може да лета до 19 минути без полнење.

Вградената меморија сега е 49 GB, а камерата поддржува снимање во 4K резолуција со 60 слики во секунда, или до 100 fps во рачен режим. Благодарение на подобрениот dual-axis гимбал, снимките се постабилни и имаат пошироко видно поле.

Neo 2 моментално е достапен само на кинескиот пазар, по цена од околу 1.499 јуани (околу 210 евра), додека глобалната достапност сè уште се очекува.

Воведувањето на LiDAR технологијата во толку компактен дрон би можело да биде важен чекор во развојот на паметни уреди за лична употреба, особено за корисниците кои сакаат едноставно, но безбедно автоматско снимање додека се движат.