Ако сте мислеле дека Sonic се појави во видеоиграта Fortnite, грешите – станува збор за негов двојник.

Иако изгледаше како Sonic да пристигнал во Fortnite и да почнал да ги елиминира ривалите со оружје, според Sega, тоа всушност е неговиот андроид-двојник.

Такаши Иизука, лидерот на тимот во Sega задолжен за развојот на Sonic, истакнува дека на вистинскиот Sonic не му е дозволено да користи оружје, а ова ограничување важи и за неговото појавување во Fortnite.

„Sonic е лик кој никогаш нема да држи оружје. Кога размислуваме за неговото појавување во Fortnite, тешко е да се замисли Sonic во таа игра. Сепак, си дадовме слобода да создадеме андроид-верзија на Sonic која може да користи оружје и се вклопува во играта“, изјави Иизука.

Една од причините поради кои Sega не сака Sonic „да шета со оружје во рацете“ е тоа што игрите со Sonic се наменети и за помлади играчи, според порталот HCL.