Компанија од Индија претстави AI чип, кој ги поттикнува амбициите на земјата во областа на вештачката интелигенција.
Ola Electric, компанија добро позната во Индија по своите електрични скутери, ја изненади технолошката индустрија со влегувањето во сегментот на хардверот за вештачка интелигенција.
Компанијата откри дека планира да развие семејство на чипови со вештачка интелигенција, а првата група од овие чипови се очекува во текот на 2026 година и вклучува три модели: Bodhi 1, Ojas и Sarv 1.
Bodhi 1 ќе го краси мала потрошувачка, Ojas ќе биде прилагодлив во различни индустрии, додека Sarv 1 ќе биде наменет за серверски процесори базирани на инструкции на Arm.
Останува да се види како ќе помине Ola Electric на пазарот на процесори со вештачка интелигенција, на кој доминираат етаблирани играчи како Nvidia.