Интернетот е мрежа која никогаш не мирува и каде безбедноста и приватноста на корисниците се најмногу загрозени. Еден начин да ги проверите е опцијата „Јас не сум робот“. Затоа, многумина беа изненадени од тоа што всушност се крие зад квадратчињата што безброј пати сме ги штиклирале.
Доколку сте корисник на Интернет, сигурно ви се случило кога влегувате во одредени веб-сајтови да ве дочека безбедносна проверка во која треба да потврдите дека „не сте робот“.
Често придружено со квадратчиња на кои е неопходно да се препознаат фотографии од семафори, пешачки премини, трактори и слични предмети, стана составен дел од нашето сурфање на Интернет.
Иако повеќето луѓе се трудат што поскоро да ја завршат задачата пред себе, малкумина размислувале за тоа што се крие зад оваа опција.
Ова беше објаснето во епизодата на емисијата QI од 2020 година, каде водителката Санди Токсвиг откри за што се работи. Клип од шоуто сега се појави на TikTok, при што многу корисници останаа во чудо од она што го дознаа.
@fitzyandwippa Did you know this? ??? #fitzyandwippa ♬ original sound – Fitzy & Wippa
„Не се работи за штиклирање на тоа поле. Се работи за тоа како се однесувавте пред да го проверите“, објасни Санди, а потоа продолжи:
„Да бидам искрена, не можам да ги откријам сите детали, но накратко, штиклирајте го полето и таа веб-страница ќе ја провери вашата историја на прелистување“, истакна таа.
„На пример, пред да го штиклирате полето, гледавте неколку видеа со мачки, ви се допадна твитот за Грета Тунберг, го проверивте вашиот Gmail – сето тоа ги наведува да мислат дека има човек зад екранот“, рече таа.
„Во суштина, кога ќе означите „Јас не сум робот“, ја насочувате страницата да ги погледне вашите информации и сама да одлучи за што се работи. Ако компјутерот не е сигурен, тогаш ве упатува да кликнете на фотографиите на противпожарни хидранти“, додава таа.
Сè на сè, опцијата „Јас не сум робот“ е всушност прикриено одобрение за да се даде „чешлање“ на одредена веб-страница низ вашата историја на прелистување.
Видеото повторно стана актуелно откако беше тема на австралиските радио водители Фици и Вип, а многумина беа шокирани од она што имаа можност да го слушнат.
Корисниците изразија неверување на ова сознание, прашувајќи се дали е вистина или не, а многумина заклучија дека нешто вакво „делува незаконски“.
„Чекај, што? Како не го знаев ова“, напишал еден корисник.
„Ова е прв пат да слушнам за ова. Направив некои истражувања и за жал се чини дека е вистина“, додаде друг.
„Ова е тотално нарушување на приватноста“, заклучил некој.
Видеото за кратко време собра над три милиони прегледи.