Играта со пукање Delta Force беше лансирана пред шест месеци за PC, каде што привлече доста голем интерес кај играчите.

Во меѓувреме, пристигна мобилната верзија, а се чека и ветената верзија за конзоли, која конечно доби датум на објавување.

Delta Force ќе биде достапна на конзолите PlayStation 5 и Xbox Series од 19 август оваа година. Исто така, ќе биде бесплатна за конзолите – така што нема да ви треба никаква претплата.

Добрата вест е дека ќе биде овозможена cross-play опцијата со PC платформата, а уште подобро, играта ќе има споделен напредок помеѓу сите верзии, без оглед на тоа на што ја играте.

Играта ќе ги има сите три моментално достапни режими на конзолите. Првиот е Warfare, во кој натпреварите се играат во формат 24 наспроти 24, на големи мапи со можност за користење возила.

Потоа доаѓа Operations, режим на extraction пукање чија цел е собирање вредни предмети и евакуација. Исто така, постои самостојна кампања наречена Black Hawk Down, која може да се игра и во кооперативен режим.