Твитер започна со тестирање на функцијата „Circles“. Twitter Circle е еквивалент на листата Close Friends на Инстаграм.
Кога корисникот објавува твит во рамките на својот Circle, само оние кои се додадени во тој круг ќе можат да го видат твитот, како и да одговорат на него.
Компанијата додаде и нова Help Center страница, која објаснува сè Twitter Circle. Ова не е исто како Twitter Communities или заштитена сметка (каде на оние на кои им е дозволено тоа може да ги видат вашите твитови).
Some Tweets are for everyone & others are just for people you’ve picked.
We’re now testing Twitter Circle, which lets you add up to 150 people who can see your Tweets when you want to share with a smaller crowd.
Some of you can create your own Twitter Circle beginning today! pic.twitter.com/nLaTG8qctp
— Twitter Safety (@TwitterSafety) May 3, 2022
Во моментов, корисникот може да има само еден Circle, а бројот на луѓе во него е ограничен на 150 корисници. Само вие можете да ја видите комплетната листа на корисници во вашиот Circle, додека твитовите споделени таму не може да се ретвитуваат.
И на крај, ако сте додадени во некој Circle, не можете сами да се отстраните. Твитер препорачува да ги замолчите/оневозможите разговорите во кои не сакате да учествувате.
Твитер ја тестира оваа функција само со одреден број корисници на глобално ниво и е достапна за Android, iOS и десктоп платформата Twitter.com.