Се претпоставува дека причините се безбедносни, а за што точно станува збор можеме само да претпоставуваме…
Германците кои сакаат ажурирани слики од веб-камерите на германските автопатишта (Autobahn GmbH) за да видат дали има сообраќаен метеж или не, не се задоволни бидејќи сообраќајните камери моментално не се достапни. Според објаснувањето на германското Министерство за транспорт, како причина се наведуваат актуелните случувања во Европа.
Според портпаролот на Министерството за транспорт на покраината Баден-Виртемберг – камерите не се исклучени, само сликите повеќе не се објавуваат на Интернет, што е отприлика уште еден начин да се каже дека се – изгаснати.
Се шпекулира дека причините за гасењето на камерите се воено-безбедносни. Се чини дека ова го прикрива движењето на воените единици преку германскиот автопат односно конвоите со воена помош за Украина. Во секој случај, на сите веб-локации на давателот на услугата, корисниците наидуваат на пораки дека услугата моментално не е достапна.