Протекоа дизајнот и карактеристиките на новиот Windows, за кој се претпоставува дека ќе го носи името Windows 11, а до неговото претставување остануваат уште три дена.

Многу се зборува за новиот оперативен систем и порталот BetaNews го покренa прашањето дали оваа верзија на оперативниот систем ќе биде бесплатна, како и претходната.

Со оглед на тоа што Apple им го дава бесплатно секој нов macOS на корисниците, се очекува Microsoft да го стори истото, останувајќи чекор пред конкуренцијата.

Windows 10 беше пред сите токму затоа што беше бесплатен и Microsoft сега ќе се води од истата идеја.

Компанијата смета дека нема потреба од наплата на обичните корисници, сè додека компаниите не се префрлат веднаш на новиот оперативен систем, па затоа е логично новата платформа да биде „ослободена“ за „бесплатна употреба“.

Исто така, има информација дека новиот Windows може да биде бесплатен за сите корисници кои имаат валидни лиценци за постарие верзии на OS.

Новиот Windows 11 ќе биде претставен на медиумскиот настан, закажан за 24 јуни.

Извор: B92.net