Серијата телефони Redmi Note 14 веќе е пуштена во продажба во Кина и Индија, а наскоро ќе пристигне и во Европа.

Сега протекоа детали за цените на телефоните од серијата Redmi Note 14, кои ќе се продаваат на европските пазари.

Според извештаите, Redmi Note 14 4G би требало да чини околу 240 евра за моделот со 8GB RAM и 256GB простор за складирање, што е за 10 евра помалку од неговиот претходник со истите карактеристики. Ќе биде достапен во боите на Midnight Black, Lime Green и Ocean Blue.

Redmi Note 14 со поддршка за 5G пристигнува во Европа во варијанти Coral Green, Midnight Black и Lavender Purple, по очекувана цена од околу 300 евра за варијантата од 8GB/156GB.

Redmi Note 14 Pro 4G ќе чини околу 312 евра, Redmi Note 14 Pro 5G ќе има цена од околу 398 евра, додека Redmi Note 14 Pro+ ќе чини околу 498 евра. Сите цени важат за модели со 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање.

Треба да се напомене дека за моделите Pro, во цената е вклучен и пакет кој го вклучува паметниот часовник Redmi Watch 5 Lite.

Redmi Note 14 Pro ќе биде достапен во варијанти Ocean Blue, Aurora Purple и Midnight Black, додека Pro+ ќе има опции за бои Frost Blue, Lavender Purple и Midnight Black.

Се очекува серијата телефони Redmi Note 14 да пристигне во Европа во текот на следниот месец.