Спектакуларната претстава со дронови, на ноќното небо над кинескиот град Женгжу, можеше да се претвори во голема трагедија, откако за момент почнаа да паѓаат врз собраната маса народ.
Ројот дронови во еден момент почнаа да ја губат висината и еден по еден паѓаа врз собраните собраната топла од околу 5000 луѓе. Меѓу нив имаше и многу деца. Голем дел од дроновите изгубија контрола и одлетаа во непознат правец, а други завршија заглавени во дрвајата.
Инцидентот е пријавен во полиција, а организаторите го обвинија конкурентскиот производител на дронови за вмешаност и срушување на нивните. Според нив, конкурентите наводно го преоптеретиле навигациониот систем на дронови со хакерски напад.
Затоа организаторите изгубиле контрола над нивните дронови. Кој и што точно стои во позадина зад целиот инцидент допрва ќе покаже истрагата.