Минатата година нашата планета се вртела околу својата оска неколку милисекунди побрзо од просекот, поточно забележани се 28 најбрзи денови од далечната 1960 година.
Најкраткиот ден минатата година бил забележан на 19. јули. Минатата година биле забележани 28 најбрзи денови од 1960-та година наваму, а нашата планета се вртела околу својата оска неколку милисекунди побрзо од просекот.
Тоа не би требало да нè загрижува, движењето на Земјата околу оската постојано варира, а на тоа влијаат временските промени и атмосферскиот притисок, ветровите, океанските струи…
Вакво „едвај забележително“ зголемување или намалување на брзината ќе биде непријатно единствено за оние кои што се занимаваат со ултрапрецизни атомски часовници кои што го мерат Координираното светско време.
Досега во текот на прилагодувањето кон крајот на јуни или декември повеќе се додавале „престапните секунди“, за UTС да биде складно со астрономското време.
Од 1972 година експертите секоја година и по еден ден додаваат престапна секунда. Последното такво прилагодување било направено во 2016-та година кога на крајот на годината во 23 часот и 59 минути и 59 секунди додадена била една „престапна секунда“.
Минатата година работите биле поразлични и сега научниците за првпат размислуваат за тоа да се одземе една секунда. Имено, денот во просек трае 86,400 секунди, но астрономскиот ден во 2021 година во просек ќе биде пократок за 0,05 милисекунди. На крајот од годината би можело да станува збор за заостанување од 19 милисекунди.
„Доколку стапката на ротација на Земјата забрза, целосно е возможно дека ќе биде потребна негативна престапна секунда. Засега прерано е да се каже дали тоа ќе се случи“, изјавил физичарот Питер Виберли од Институтот „Physics Laboratory“ во Велика Британија.
Извор: B92.net