Иранската револуционерна гарда го лансираше својот втор сателит во вселената.
Нема детали околу тоа кога и каде е лансиран сателитот Nour-2.
Nour (سبک) значи светлина на фарси, официјалниот јазик на Иран.
Лансирањето се одвиваше во моментот додека во Виена се одвиваат преговорите меѓу Иран и светските сили, во врска со обновување на договорот за иранската нуклеарна програма. Nour-2 ќе орбитира на височина од 500 километри од површината на Земјата.
Револуционерната гарда соопшти дека сателитот отишол во орбитата на носачот Qased (پیام رسان – гласник).
Првиот Nour беше лансиран во 2020 година, кога Иран на светот му ја претстави својата вселенска програма.