До неодамна најголемиот глечер на светот A68, повеќе го нема тој статус.
А68 покриваше област од приближно 6.000 квадратни километри кога се одвои од Антарктикот во 2017 година и беше со големина на Велс.
Меѓутоа, сега сателитските снимки покажуваат дека тој масивен глечер повеќе го нема, односно дека е разбиен на помали делови за кои што американскиот Национален центар за податоци за мраз вели дека повеќе не е вредно ниту да се следат, пренесува „BBC“.
А68 се одвои од ледената област Ларсон на работ од антарктичкиот полуостров и една година воглавно мируваше, меѓутоа потоа почна да плови кон север и да забрзува поради јаките струи и ветрови.
In 2018 and 2019 we tried to reach the birthplace of #iceberg #A68! Heavy sea ice defeated us. After eventually working its way northwards over the last 2 years the mega-berg is no more, just a floating collection of icy mush. It was nice knowing you A68! #Antarctica pic.twitter.com/4rsGYWJMyf
— Huw Griffiths (@griffiths_huw) April 18, 2021
Тежок милијарда тони, глечерот се движел кон Јужна Џорџија, британската островска територија во јужен Атлантик, а таму поголем дел од него се истопил.
Овој глечер го „проголтале топлите води и зголемената температура на воздухот на Атлантикот, па го распарчиле на делови.
„Восхитувачки е што А68 толку траел. Се распарчил на четири-пет делови, а потоа тие делови дополнително се распарчиле на помали“, изјавил Ејдриан Лакмен од Универзитетот во Свонси.
А68 најдобро ќе остане запаметен како првиот глечер кој што стана „ѕвезда“ на социјалните мрежи поради тоа што луѓето од целиот свет ги споделуваа сателитските снимки од него.
Извор: Srbija Danas