За оние од нас кои имаат помалку објави на Инстаграм, бришењето на нив на старомоден начин (една по една) не е проблем. Но, што се случува ако имате стотици или илјадници фотографии и друга содржина што сакате да ја избришете?
Добрата вест е што во овој случај, не мора да бришете објави поединечно, бидејќи Инстаграм им овозможува на корисниците да избришат голем број на објави одеднаш.
Бидејќи овој процес не е очигледен, ви пренесуваме краток водич, со чекорите што треба да ги направите за да ги избришете сите објави на Инстаграм.
За да ги избришете сите објави од кои сакате да се ослободите, направете го следново:
1. Најавете се на вашиот профил на Инстаграм
2. Притиснете го копчето за мени во горниот десен агол
3. Кликнете на „Your activity“
4. Изберете Tap „Photos and videos“
5. Изберете „Posts“
6. Обележете ги сите објави што сакате да ги избришете
7. Кога ќе завршите со означување, само притиснете „Delete“
8. Кога ќе го видите известувањето „Delete Posts?“, повторно притиснете „Delete“.
Сите објави што сте ги означиле веднаш ќе бидат избришани од вашиот профил. Ако сте ги избрале сите објави, тие ќе исчезнат и можете да започнете одново со објавување содржина на Инстаграм.