Постарите родители обично не ја разбираат опсесијата на помладите со видео игрите, па оние кои имаат големи колекции не би требало да ги остават кај своите родители „на чување“, затоа што може да настрадаат во некаква „генералка“.

Ова на најтешкиот начин го научи еден колекционер на ретки видео игри и конзоли од Њујорк.

Тој својата вредна колекција на ретро видео игри и конзоли ја чувал во куќата на неговите родители и неодамна дознал дека неговата мајка фрлила голема количина од неговата колекција во ѓубре.

Таа веројатно не била свесна што прави и едноставно сакала да ја исчисти куќата, па исфрлила дел од колекцијата кој вреди преку 500 илјади долари. Колекционерот наведе дека останал без голем број на PS1 игри и ретки конзоли, а исто така останал и без својата колекција на стрипови.

Можеби сумата од 500 илјади долари ви звучи лудо, но и тоа не е огромна сума кога ќе се земе во предвид тоа што некои физички копии чинат и по десетина илјади долари. На пример, прототипот на Super Mario Bros 3 на аукција достигна вредност од 31,200 долари.

Извор: B92.net