Кога Windows 11 беше првпат објавен, многу долгогодишни корисници чувствуваа дека нивните омилени функции исчезнале преку ноќ.
Три и пол години по лансирањето на Windows 11, истите поплаки продолжуваат да се појавуваат како најпопуларни на Feedback Hub, со десетици илјади гласови.
Подолу се наведени петте најбарани функции на Windows 11 на Microsoft Feedback Hub.
„Вратете ја можноста за поместување на taskbar-от на врвот и страните на екранот во Windows 11“
Моментално, taskbar-от е „залепен“ на дното од екранот, а корисниците сакаат слобода да го поместуваат на врвот или страните.
Објава на Feedback Hub на оваа тема има 24.046 гласови и 2.086 коментари, но нема нови повратни информации.
Еден корисник пишува: „Функцијата за поместување на taskbar-от недостасува со години. Зошто ова сè уште не е променето?“ и бара од Microsoft да „го замени лицето одговорно за тековниот дизајн“.
Автоматизираниот одговор на Microsoft гласи: „Ќе продолжиме да го развиваме Windows 11 и неговите функции врз основа на вакви повратни информации, ви благодариме што одвоивте време да ги споделите“.
„Сакам да можам да го исклучам делот Recommended од Start менито и сè да исчезне во Windows 11.“
Второто најгласано барање има 17.479 гласови и 794 коментари.
Три години по објавувањето на Windows 11, Microsoft сè уште не разбира зошто корисниците не сакаат мени Start со содржина Recommended.
Оваа опција само го преполнува менито Start со неодамнешни апликации или документи, кои веќе се достапни преку File Explorer.
Еден корисник пишува: „Не, не сакам да ја намалам големината, сакам да ја сокријам – засекогаш, трајно.“
Други го нарекуваат панелот „бескорисен, празен простор“ што само троши простор на екранот, а некои се плашат дека ќе се претвори во „простор за реклами“.
Во одговор на Feedback, Microsoft вели дека целосно отстранување не е можно, но наведува неколку поставки во Settings > Personalization > Start што барем ја намалуваат количината на содржина.
„Додадете ја опцијата Windows претрага да го користи мојот претпочитан прелистувач“
Windows претрагата сè уште испраќа веб-пребарувања до Bing и ги отвора во Edge, освен ако не живеете во Европската економска зона, каде што новите регулативи го принудуваат Microsoft да го почитува стандардниот прелистувач.
Еден корисник вели дека правилото на ЕУ треба да важи и во САД – и всушност, насекаде во светот. Друг корисник е вознемирен од „сјајните ѕвезди до лентата за пребарување“, кои исто така сака да ги исклучи.
Европските тестери веќе добија верзии на системот што го овозможуваат изборот, но Microsoft нема планови да го прошири надвор од ЕУ.
„Барањата за GPU/процесор во Windows 11 се преголеми – треба да ги намалите“
Овој фидбек првпат беше објавен во 2021 година и сега има 8.483 гласови и 1.025 коментари.
Корисниците се лути што нивните целосно способни компјутери не можат да работат со Windows 11.
Еден корисник наведува дека има „гејмерска машина со речиси најдобар хардвер“, но некомпатибилен процесор, нарекувајќи го ова уште една „ситуација со Vista/8.1“.
Друг се согласува, предупредувајќи дека „милиони компјутери ќе завршат на депонии без причина“ како што се приближува крајот на поддршката за Windows 10.
„Ажурирајте го Windows 11 taskbar за да поддржува опција никогаш да не комбинира икони на апликации и да ги скријат ознаките“
Во Windows 10, можете да го поставите taskbar-от да го држи секој прозорец одделен, а ознаките скриени.
Windows 11 сега има опција „never-combine“, но сепак се чини недовршена.
Ознаките се исто така вклучени по дифолт и не можат да се исклучат, па затоа трошите вреден простор на дното на екранот.
Во Feedback Hub, еден тестер го нарече ова „ужасно“ и побара од Microsoft конечно да го поправи, додека друг се прашуваше зошто ознаките се воопшто потребни кога е вклучено „never-combine“, бидејќи „тие зафаќаат премногу простор“.
Јасно е како ден дека корисниците сакаат Microsoft да го подобри Windows 11 – но дали компанијата од Редмонд навистина слуша?