Европската вселенска агенција ja планира мисијата e-Deorbit, која ќе го користи истото летало за извршување на различни задачи.
ESA тврди дека околу Земјата има 128 милиони објекти од 1 мм до 1 см, 900.000 објекти со големина меѓу 1 и 10 см, како и 34.000 објекти поголеми од 30 см. Овие објекти претставуваат ризик од судири со вселенски летала и други мисии и може да предизвикаат огромна штета, па затоа ESA ја планира мисијата e.Deorbit за да помогне во решавањето на проблемот. Оваа мисија првично беше планирана да ги отстрани нефункционалните сателити, но ќе служи и како сервисен авион.
Според најавите од ESA, e-Deorbit ќе ги извршува задачите на полнење гориво, поправка и преместување на сателити кои се веќе во орбитата. Станува збор за иницијативата Clean Space, која првпат беше претставена во 2013 година, чија задача беше да го отстрани нефункционалниот сателит Envisat за набљудување на земјата во „густа“ ниска орбита. Сателитот ненадејно престана да работи во 2012 година без никакви индикации за проблем.
ЕСА го нарекува новиот проект „Швајцарски армиски нож“, бидејќи леталото може да извршува различни сложени задачи во вселената. Може безбедно да ги наполни со гориво вредните сателити кои се ближат до крајот на својот животен век, да инсталира нова опрема на нив, па дури и да се поврзе со нив и да ги насочи во нови орбити.
Сепак, најважната задача е отстранувањето на активниот вселенски отпад, така што „пренатрупаната“ вселенска средина може повторно да биде безбедна за новите сателити и други вселенски објекти.