10GB мобилен интернет за сите постпејд корисници

Magenta 1 за прв пат излезе на пазарот пред пет години, како пакет кој ги обединува сите Телеком услуги, на едно место и во една сметка, за целото семејство и за сите бизнис потреби.

Magenta 1 постојано се надоградуваше, се прилагодуваше на очекувањата на корисниците и воспостави нови стандарди. Низ перспектива од пет години ја подобрувавме и ја прилагодивме понудата на новото дигитално време и Magenta 1 сега нуди повеќе и овозможува побогато дигитално искуство, поголема флексибилност, можност за динамичен избор и комбинирање на услугите според потребите.

Веќе пет години сме поврзани, споделувавме и уживаме заедно во придобивките на најдобриот пакет за интегрирани услуги на пазарот.

По повод овој значаен јубилеј, Македонски Телеком им се заблагодарува на довербата на своите корисници. Прославуваме со промотивен 10 GB мобилен интернет кој е еднократен и достапен за сите приватни постпејд корисници, како и за деловните корисници на Magenta 1 Business и Business тарифните модели.

Активирајте го промотивниот мобилен интернет само преку Telekom MK апликацијата, со цена од еден денар и искористете го во наредните 30 дена по активирањето. Промоцијата трае ограничен временски период.