Минатата недела официјално е претставен Realme GT телефон, а не помина многу време за да се појават вести за уште еден модел од Neo линијата, кој би можел да го носи името Realme GT Neo.
Realme GT Neo е дури и најавен од потпретседателот на компанијата Realme, а наводно користи MediaTek Dimensity 1200 чипсет од горниот сегмент. Сега новиот TENAA листинг открива детали за необјавениот Realme RMX3116 модел, кој би можел да биде токму GT Neo.
Веројатно најинтересна карактеристика на телефонот, која не ја откриваат фотографиите е закривениот панел. Спецификациите укажуваат на 6,55 инчен AMOLED дисплеј со punch-hole селфи камера. Тука е и сензор за отпечатоци од прсти, сместен под екранот.
На задната страна, RMX3116 изгледа многу слично на Realme GT моделот. Системот на камери има три сензори и LED блиц. TENAA ги открива и димензиите на уредот од 159,9 x 73,4 x 7,8 мм и батерија со капацитет од 4400mAh. Се очекува и поддршка за 65W полнење и Android 11 со Realme UI 2.0 интерфејс.