Windows 7 на 14. јануари 2020. година ја изгуби својата продолжена поддршка од Microsoft, а по овој период само бизнис корисниците можеа да платат повисока цена за да продолжат да добиваат поддршка за OS.
Според аналитичката компанија StatCounter Global Stats, Windows 7 во ноември имал удел на пазарот од 17,6 проценти. Ова всушност е зголемување од скоро еден процент во споредба со октомври. Windows 10 во тој период држеше 75 проценти од пазарот.
NetMarketShare бележи слична статистика и според компанијата, Windows 7 во октомври имал удел на пазарот од 2 отсто, додека Windows 10 имал 74 процентен удел на пазарот.
Според анализите, гејмерите сепак претпочитаат понови верзии на Windows. Најновата анализа на Steam Survey покажува дека 89% од корисниците доаѓаат од Windows платформата, додека само пет проценти од нив доаѓаат од Windows 7.
Цените за продолжување на добивањето ажурирања за Windows 7 Enterprise и Windows 7 Pro ќе се зголемат во наредните месеци, што може да доведе до намалување на употребата на застарената платформа.