Популарниот стример Ninja повеќе не е на врвот на листата со најмногу следбеници кога станува збор за Twitch – него го престигна Ibai (Ибаи Љанос).
Ibai достигна 19,8 милиони следбеници, заземајќи го првото место пред Ninja и KaiCenat.
Ова, секако, беше очекувано по преносот во живо од минатиот месец во кој Ибаи апсолутно ги сруши сите рекорди на гледаност.
Овој шпански стример ја започна својата кариера како коментатор за е-спорт, а подоцна ја основа својата сопствена е-спорт организација, иако сè уште коментира на својот профил.
Неговата популарност нагло порасна по стримот во 2023 година во кој коментираше за боксерски настан што традиционално се одржува секоја година, а оваа година, благодарение на истиот настан, тој го достигна самиот врв на стримерите.
Листа на 15-те најследени канали на Twitch
- ibai: 19.764.510 следбеници
- Ninja: 19.226.670
- KaiCenat: 18.594.533
- auronplay: 16.864.131
- Rubius: 15.824.996
- jadoreshayne: 12.316.716
- TheGrefg: 12.210.955
- xQc: 12.107.502
- juansguarnizo: 11.555.351
- shroud: 11.128.733
- ElMariana: 10.555.159
- pokimane: 9.393.771
- sodapoppin: 8.968.649
- Clix: 8.316.467
- Jynxzi: 7.798.582