Охрабрете ги пријателите и семејството заедно да учествувате во Глобалните цели и да го следите својот напредок со новата функција „Donation Leaderboard“ на апликацијата Samsung Global Goals
Малите дела можат да имаат големо влијание. Како жители на оваа планета, сите ние имаме одговорност да се грижиме за луѓето и Земјата бидејќи таа е нашиот дом. Затоа Samsung Electronics стана партнер на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) во 2019 година и ја лансираше апликацијата Samsung Global Goals (SGG). Апликацијата SGG и овозможува на Galaxy заедницата да донира директно за Глобалните цели на ОН, да користи заклучени екрани за да ги зголеми приходите од реклами и да придонесе за собирање парични средства преку гледање огласи во апликацијата. Апликацијата SGG им помага на корисниците да дознаат повеќе за Глобалните цели и да придонесат за финансирање на оние цели што им значат најмногу.
Преку новата функција на оваа апликација наречена „Donation Leaderboard“, Samsung нуди нови можности за Galaxy заедницата да се вклучи во Глобалните цели преку правење на систем за рангирање на донации. „Donation Leaderboard“ ги охрабрува корисниците да донираат за овие цели, да го следат напредокот на донациите и да ги охрабруваат пријателите, семејството и другите корисници на Galaxy да го сторат истото.
„Donation Leaderboard“, до која се пристапува преку делот Донирај на апликацијата Samsung Global Goals1, им покажува на корисниците колку донирале за одредени Глобални цели, како и како се рангира нивната донација во споредба со корисниците во нивната земја, или корисниците ширум светот2. Samsung се надева дека со обезбедување на поширок приказ на историјата на донации, ќе ги мотивира корисниците на уредите Galaxy да го подобрат својот резултат на „Donation Leaderboard“, во корист на постигнување на Глобалните цели.
Апликацијата Samsung Global Goals е моќна алатка за Galaxy заедницата да се здружи за да ги поддржи Глобалните цели. До пред само неколку месеци, 10 милиони американски долари веќе беа собрани преку оваа апликација и тие средства беа донирани за да му се помогне на УНДП да ја промовира одржливоста и да го забрза напредокот кон постигнување на овие цели. Samsung се надева дека „Donation Leaderboard“ ќе помогне да се задржи овој тренд и нуди нов, забавен, интерактивен начин како Galaxy заедницата да придонесе за каузите што им се најважни. Досега, корисниците на уредите Галакси најмногу донации упатиле на Цел 2: Свет без глад, а потоа следат Цел 1: Свет без сиромаштија и Цел 6: Чиста вода и канализација.
Глобалните цели, дефинирани во 2015 година, претставуваат вкупно 17 цели што светските лидери се согласија да ги постигнат до 2030 година. Овие цели имаат моќ да ги запрат климатските промени, да се справат со нееднаквоста, да стават крај на сиромаштијата и да ги надминат другите водечки глобални предизвици. За да ги постигнеме Глобалните цели, треба да ги зајакнеме сите индивидуални и колективни напори.
Samsung е посветен на искористување на моќта на технологијата за да понуди можности за Galaxy заедницата да дејствува во поддршка на Глобалните цели. Заедно имаме моќ да направиме огромни промени. Посетете ја апликацијата Samsung Global Goals за да придонесете за целите што ви се најважни.
За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со идеи и технологии кои донесуваат тренсформација. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, леани и LED решенија. За најновите вести, посетете ја страницата на Samsung http://news.samsung.com.
1 Бара верзија на апликацијата 3.0.00.9 или понова.
2 Корисниците прво треба да дадат согласност за прикажување на нивните лични податоци на табелата.
Подесувањата можат да се променат во секој момент со вклучување или исклучување на опцијата „Прикажи профил на табелата“ во одделот за подесувања во апликацијата.
ПР Текст