Galaxy S21 серијата на Samsung се очекува еден месец поранио од вообичаеното, а изгледа дека дизајнот на претстојните уреди и натаму се коригира. Дојавувачот OnLeaks сега објави ревидирана верзија на фотографија на Galaxy S21 Ultra моделот, што покажува поинаков дизајн на камерите во однос на претходните рендери.
Дизајнот покажува дека системот во кој се сместени камерите и сензорите ќе остане ист како што видовме и претходно, но сега тука е и дополнителен модул. Не е познато дали е во прашање петта камера или некој друг сензор (можеби 3D ToF). Исто така, забележително е дека позицијата на LED блицот е малку изместена.
Според гласините, Galaxy S21 Ultra ќе ја задржи 108MP главна камера, како и 40MP сензор за селфи камерата. Не е познато дали ќе постојат подобрувања кои не се во врска со резолуцијата, како ни функциите на останатите камери.
Судејќи според се, јасно е дека моделот за следната година ќе има барем една камера повеќе во однос на Galaxy S20 Ultra, што полека станува стандард што го применуваат бројните производители на своите премиум модели.