Минатиот месец, Gigabyte го објави својот прв гејминг монитор со поддршка за HDR, 4K резолуција и стапка на освежување од 144Hz. Сега се познати целосните спецификации на моделот FI32U, кој е 32-инчен гејминг монитор на компанијата Gigabyte.
Gigabyte FI32U користи 31,5-инчен Super Speed IPS панел, со 4K резолуција, брзина на освежување од 144Hz (режим на конзола 120Hz) и има одзив од 1ms G2G. Овој 10-битен (8-битен + FRC) панел опфаќа 95% од DCI-P3 опсегот и 123% од sRGB спектарот на бои и има DisplayHDR 400 сертификат. Осветленоста е 350 нита, додека контрастот изнесува 1000:1.
Како и повеќето други гејминг монитори, FI32U има голем број гејминг карактеристики. Ова вклучува Aim Stabilizer Sync, Black Equalizer, ANC за конзоли и Game Assist overlay. Тука се и flicker-free технологијата, OSD Sidekick, Dashboard overlay, PIP, PBP, HDR режими и KVM прекинувач.
Достапни видео излези се два HDMI 2.1 портови и DisplayPort 1.4. Тука се и 3,5 мм приклучок, три USB-A 3.0 портови и USB-C приклучок. Двата аудио порта го користат Audio ESS Sabre HiFi чипот. На задниот дел од мониторот се наоѓа RGB Fusion 2.0 осветлување, кое може да се синхронизира со компатибилните RGB производи.