EliteOne 800 G8 има елегантен дизајн и опционална pop-up веб-камера.
HP го претстави својот најнов All-in-One десктоп компјутер. Компанијата тврди дека EliteOne 800 G8 е првиот комерцијален All-in-One компјутер кој нуди намалување на бучавата и свест за присуство врз основа на вештачката интелигенција, која HP ја вклучи во некои преносни компјутери. Свеста за присутноста може автоматски да го заклучи компјутерот кога ќе се оддалечите, и ќе го разбудите кога ќе се вратите.
Компјутерот е достапен со 23,8-инчен или 27-инчен екран до 2560×1440 резолуција, со помал приказ на синото светло и anti-glare опција. Има опционална pop-up камера од пет мегапиксели, која може да сврти и кон напред и позади компјутерот, со варијанти кои нудат инфрацрвена камера и time of flight сензор. Камерата може да ве следи, а системот користи откривање на сцената за подесување на поставките во зависност од нивото на осветленост. Постои и функција на динамичко израмнување на гласот, која ќе ја одржува јачината на вашиот глас конзистентна, без оглед дали сте блиску или подалеку од микрофонот.
EliteOne 800 G8 поддржува до 64GB DDR4 3200 SDRAM и 2TB SSD меморија, додека постојат слотови за проширување. Доаѓа со Intel Core процесор од 11. генерација до i9.
Постојат пристојни можности на поврзување,вклучувајќи два USB-C, три USB-A, DisplayPort, HDMI и Ethernet порт. Тука е и поддршката за Bluetooth 5 и WiFi 6.