Францускиот производител најави целосно нов модел во својата гама кој го носи старото име, поточно нумеричката ознака – 408.
Во краткото соопштение за медиумите, францускиот производител наведува дека новиот автомобил ги комбинира карактеристиките на SUV моделот со силуетата на fastback, што значи дека ќе има облик на купе, со пет врати кои благо се лизгаат кон задниот дел, пишува магазинот Auto.
You’ve been waiting 4 it. Prepare 4 the unexpected. New #Peugeot408 #PlugInHybrid pic.twitter.com/dIkivkrfTU
— Peugeot (@Peugeot) May 31, 2022
Дополнително, се наведува дека новиот Peugeot 408 ќе биде глобален автомобил, па може да го очекуваме и на другите светски пазари, а не само во Европа.
Повеќе детали ќе дознаеме по премиерата, која беше најавена за крајот на јуни 2022 година.