Новиот робот на Disney е направен за да наликува што е можно повеќе на човекот. Меѓутоа, на некои луѓе ќе им предизвика вистински кошмари.
Disney разви систем со кој хуманоидните роботи добиваат можност за „човечки погледи и движења“, наместо „бездушни погледи кои обично се поврзуваат со машините“, наведуваат од компанијата.
Сепак, овој робот предизвикува сосема спротивен ефект – наместо да ве натера да се чувствувате пријатно и да ве потсетува на човечка интеракција, поголеми се шансите дека ќе ве полазат морници од неговиот поглед.
Откако ќе ја надинете таа бариера, можеби дури и ќе ви се допадне технологијата што стои зад неа, пренесува Engadget. Имено, оваа машина има природни движења кои потсетуваат на човечки, на лицето можете даму забележите нешто што наликува на емоција, па дури и неговото тело се движи така што тој имитира дишење.
The illusion of life from a realistic gaze presented by this Disney humanoid robot pic.twitter.com/x3ttMgnFjm
— XRAYTEXT (@xraytext) November 1, 2020
Можеби не би било лоша идеја Disney да го „облече“ својот робо-човек во нешто слично на кожа, чисто за да не ги набркува посетителите наместо да ги привлекува во своите познати тематски паркови.
Извор: B92.net