Досега не се појавија фотографии кои го прикажуваат претстојниот флексибилен телефон на Samsung, Galaxy Z Fold3. Сепак, дизајнерот Бен Гескин, познат по својата квалитетна работа, прикажа рендер што сугерира како може да изгледа Galaxy Z Fold3.
Неговиот дизајн во голема мерка се заснова на протечени информации што се појавија досега за моделот Z Fold3. Дизајнот покажува истакнат систем на камери, кој е идентичен кај оној на Galaxy S21 Ultra телефонот.
Веќе некое време се појавуваат информации дека претстојниот флексибилен телефон ќе има поддршка за S Pen. Се очекува дека паметното пенкало, како и кај S21 Ultra, ќе се нуди одделно. Во тоа верува и Гескин, со оглед на тоа дека S Pen од сликата е преголем да се смести во слотот во смартфонот, иако ова сепак е само визија на дизајнерот.
Една од поновите информации за Z Fold3, тврди дека тој ќе има помали дисплеи од неговиот претходник. Овој пат, се очекува внатрешен екран од 7,55 инчи и надворешен дисплеј од 6,21 инчи. Уште една можна функција е камерата под екранот.
Samsung Galaxy Z Fold3 би можеле да го очекуваме во јуни годинава, а можно е телефонот да има цена што е на ниво на актуелниот Galaxy Z Fold2 модел.