Телефонот Galaxy A32 е изменет и опремен со помоќна батерија.
Иако денешните телефони можат многу да направат, сепак нивната најслаба точка и сегментот кој најбавно се развива е батеријата.
И покрај тоа што производителите го компензираат недостатокот на иновации на ова поле со технологии за побрзо полнење, капацитетот на батеријата не се промени многу во последните 10 години.
Samsung Galaxy A32 5G Modified with 30,000mAh Battery and Lightning Port#Samsung #GalaxyA32 #Powerbankhttps://t.co/PlBWNXBody pic.twitter.com/XcWdy1jZdm
— GIZMOCHINA (@gizmochina) March 6, 2023
Неодамна, корисник на телефон Samsung Galaxy A32 5G успеа да го измени својот уред и да инсталира батерија со капацитет од 30.000 милиампер часови (mAh).
Иако телефоните обично имаат капацитет на батерија од околу 5000 mAh, корисникот на Reddit Downtown_Cranberry44 го модифицираше својот телефон Galaxy A32 и го опреми со помоќна батерија.
Модификацијата вклучува замена на оригиналната внатрешна батерија со надворешна кутија со шест ќелии Samsung 50E, секоја со капацитет од 5000 mAh.
Иако изменетиот телефон има импресивен капацитет на батеријата, надворешното куќиште е премногу гломазно, тежи 450 грама – што е двојно поголема од првобитната тежина на уредот.
Покрај батеријата, изменетиот телефон има додавање на неколку различни порти за полнење, вклучувајќи две USB-A порти, еден USB-C, микро USB и Lightning порт.
Се вели дека батеријата од 30.000 mAh се полни целосно за седум часа и трае до два дена при големи оптоварувања.
Иако модифицираниот Samsung Galaxy A32 5G не е визуелно привлечен, проектот покажува колку далеку некои ентузијасти се подготвени да одат за да го подобрат животниот век на батеријата.