Дали се сеќавате на апликацијата iBeer, која го имитираше дејството на пиење пиво кога го држите телефонот во одредена положба? Апликацијата своевремено оствари добра заработка.
Во текот на првите години од појавата на паметните телефони, кога апликациите беа новина, беа создадени многу необични и забавни апликации. Тие беа дизајнирани да покажат за што е способен смартфонот
Една од нив е iBeer, апликација која го имитира дејството на пиење кригла пиво кога телефонот се држи во одредена положба.
Во интервју за списанието Mel, креаторот на оваа апликација, Стив Шератон објави неколку детали за тоа како е креирана апликацијата и колку заработил од неа на врвот на нејзината популарност.
Според Шератон, првобитната верзија на апликацијата била креирана за Palm Pilot, но бидејќи тој уред немаше акцелерометар, корисниците морале да имаат совршен тајминг за да го постигнат вистинскиот ефект. Апликацијата потоа беше имплементирана на iPhone, а Шератон ја продаде како видео. Сето ова се случи пред Apple да го формира App Store.
После тоа, челниците на Apple го мотивираа Шератон да го претвори видеото во апликација. Креаторот истакнува дека апликацијата стана популарна уште првиот ден и се најде на првото место во App Store, каде што остана околу една година.
На врвот на својата популарност, генерираше помеѓу 10.000 и 20.000 долари дневно. Апликацијата сè уште постои, но Шератон го препушти нејзиниот развој на компанијата во која учествуваше и тој во одреден период.
Апликацијата iBeer моментално е во верзија 11.4 и е бесплатна за преземање. Постојат купувања во рамките на апликацијата, кои го претвораат пивото во млеко, сода или вино.