Озонската дупка над јужната хемисфера оваа година е поголема од вообичаеното, a веќе ја надмина големината на Антарктикот, објави денеска службата за атмосферска надзор на Европската унија, Коперникус.

Од службата наведуваат дека озонската дупка, која се појавува секоја година во текот на пролетта на јужната хемисфера, е значително зголемена во изминатите недели, пренесува АП.

„Се соочуваме со прилично голема и потенцијално длабока озонска дупка“, рече шефот на Коперникус, Винсент Анри Пеш.

Атмосферскиот озон ја апсорбира ултравиолетовата светлина што доаѓа од сонцето.

Неговото отсуство значи дека повеќе од ова високоенергетско зрачење стигнува до земјата, каде што може да им наштети на живите клетки.

„Оваа година, озонската дупка на почетокот на сезоната се разви како што се очекуваше. Но, сега нашите прогнози покажуваат дека дупката еволуира во многу поголема од вообичаеното“, рече директорот на Коперник, Винсент-Анри Пеуч.

Коперник го следи озонскиот слој користејќи компјутерско моделирање и сателитски снимки. Иако озонската обвивка покажува знаци на закрепнување, Коперник вели дека нема целосно да се опорави до 2060 -тите или 2070-те години, објави CNN.