Околу 150.000 Украинци секојдневно ја користат сателитската интернет мрежа Starlink, според податоците кои доаѓаат од Украина.
Бројот на дневни активни корисници се заснова на „груби податоци“ што ги сподели украинскиот министер Михаило Федоров на Твитер.
Федоров побарал помош од директорот на SpaceX, Илон Маск, веднаш по инвазијата на Русија во Украина за да овозможи користење на сателитски интернет во оваа земја, а американскиот бизнисмен и милијардер позитивно одговорил по десет часа. Интернет услугата е активирана во регионот, иако SpaceX сè уште не ги започнал своите комерцијални операции во областа.
Бидејќи интернет-каблите беа цел на руски напади, решението за Украина беа терминалите Starlink, а помошта почна да пристигнува од сите страни.
Досега, терминалите помогнаа не само да останат Украинците онлајн, туку им овозможија на пациентите во болниците континуирана нега. NBC известува дека повеќе од 10.000 терминали Starlink моментално се активни во Украина, од кои 1.333 се обезбедени од американската Агенција за меѓународен развој USAID, додека различни акционери обезбедиле 5.000 терминали.
Според извештаите на SpaceX, Starlink има околу 250.000 претплатници ширум светот, а поради големиот број терминали во Украина, може да се добие впечаток дека повеќето корисници на Starlinka се Украинци.
Со оглед на тоа што услугата Starlink во моментов е бесплатна во Украина, се поставува прашањето за покриеноста и долгорочната економска исплатливост на услугата.
Важно е да се истакне дека бројот на дневни активни корисници се разликува од бројот на претплатници. Терминалот Starlink доаѓа со безжичен рутер кој им овозможува на повеќе корисници да се поврзат на интернет. Според корисниците на Starlink, на еден рутер можат да се поврзат дури 128 уреди.