Black Shark 4S ќе биде претставен на 13 октомври, а компанијата Xiaomi објавува повеќе тизери во пресрет на објавата на уредот. Официјален претставник на брендот, кој е под покровителство на Xiaomi, објави неколку интересни детали за новиот екран на телефонот, а има и повеќе информации за дизајнот.
Новиот телефон ќе користи Samsung E4 AMOLED екран, со стапка на освежување од 144Hz, брз одзив и прецизност на бои, која е споредлива со професионалните монитори. Новиот кориснички интерфејс нуди и „screen mode“ за удобно читање во текот на долг временски период.
На задната страна има три хоризонтално поставени камери. Фотографиите ги прикажуваат и гејминг копчињата/прекинувачи од страна на рамката, кои Black Shark 4S ги наследува од својот претходник.