Флегшип моделите на Samsung, Galaxy S21 и S21 Plus во суштина имаат исти камери како и нивните претходници од S20 серијата, но тоа нема да се повтори во генерацијата што доаѓа.
Samsung ја менува својата филозофија за следната генерација на водечки паметни телефони. Моделите S20 и S21 имаа главен 12MP модул со големи пиксели и 64MP модул за зумирање. Големите пиксели на главната камера овозможija висококвалитетни ноќни фотографии, додека модулот со висока резолуција понуди опција за фотографии со целосна резолуција без зумирање, како и снимање на 8K видео.
Меѓутоа, во случајот на Galaxy S22 и S22 Plus, работите ќе бидат поинакви, бидејќи ќе имаат главна камера од 50 MP, ултраширока од 12 MP и телефото модул од 12 MP со 3х оптички зум.
Тоа не значи крај на големите пиксели, бидејќи Samsung има голем 50 MP 171,12 сензор со големина на пиксели од 1,4 μm, што со бинирање се зголемува до 2,8 μm. Ќе може да снима 8K видео и да работи во 100 MP режим. Секако, додека пристигне S22 серијата, Samsung би можел да ја воведе третата генерација на GN сензор.
До Galaxy S22 серијата останува најмалку половина година. Гласините велат дека селфи камерата нема да се наоѓа под екранот и дека уредите нема да имаат 3D ToF сензори. Galaxy S22 и S22 Plus нема да имаат ни перископ камери.