Врз основа на моделот на научниците од Универзитетот во Колорадо направен е приказ на три ситуации и како новиот кортонавирус се шири преку аеросоли.

Откако се појави новиот коронавирус и откако почна масовната зараза на луѓето ширум светот, константно ги следиме различните модели на ширењето на пандемијата и вирусот. Некои од тие модели се покажаа како пренапумпани, а некои предвидувања базирани на моделите беа многу поточни. Научникот и професорот по хемија од Универзитетот во Колорандо, Хозе-Луис Хименез неодамна го претстави својот модел на ширење на вирусот SARS-CoV-2 преку аеросоли наречен Естиматор, а врз основа на тој модел на Ел паис објавија многу интересни графички прикази на ширење на вирусот во потенцијалните вистински ситуации.

Прикажани се три примери – семејно дружење во соба, во кафуле во кое столовите се разместени во склад со епидемиолошките мерки и во училница, а во секоја од тие ситуации едно лице било заразено со коронавирусот. Графиките базирани на моделот покажуваат како за спречување на ширење на заразата во затворените простори е најбитна вентилацијата, односно проветрувањето (со отворање на врати и прозорци или со механичка вентилација). Маските при тоа имаат одредена улога и го намалуваат бројот на заразени, а важен фактор е и времето што се поминува во просторот.

Првата визуелизација прикажува дружење од шест лица во затворена соба. Ако едно лице е заразено и ако нема никакви епидемиолошки мерки како носење маски и проветрување, моделот покажува дека по четири часа и сите останати пет лица би можеле да се заразат. Во случај да се носат маски, според моделот би се заразиле четири лица, така што маските немаат толкаво значење ако лицата се изложени подолго време. Ризикот многу опаѓа ако дружењето се намали на два часа и ако просторијата редовно се проветрува и ако се носат маски – во тој случај моделот предвидува дека постои одреден процент на зараза само на едно лице.

Вториот пример е кафуле чиј капацитет е редуциран на 50 проценти, во кој се наоѓаат 15 лица, од кои едно е заразено. По четири часа – ако нема проветрување и вентилација, сите посетители ќе бидат заразени. Ако се носат маски, ризикот е помал и моделот предвидува зараза на осум лица, но ако просторот се проветрува и посетителите носат маски и ако лицата престојуваат во кафулето два часа, постоиз ризик да се зарази само едно лице.

Истиот заклучок е добиен и кога моделот е применет во училница со 24 учесници и заразена професорка. Без епидемиолошките мерки, по два часа дури до 12 ученика може да бидат заразени, додека во случај на носење на маски, оваа бројка може да изнесува пет. Во објаснување на оваа ситуација се наведува дека оддалеченоста на учениците од заразената професорка не е одлучувачки фактот и еднакво можат да се заразат учениците кои се во нејзина близина, но и оние кои седат во задниот дел на училницата. Ризикот за учениците ако носат маски и ако просторот правилнмо се проветрува по еден час, драстично се намалува и постои можност за зараза на само еден ученик.

Визуелизацииите на ширење на коронавирусот погледнете ги ТУКА.