Ако некогаш сте помислиле: „Како би било добро кога би можел да го наполнам телефонот или таблетот само со ставање на масата“, тогаш IKEA го има вистинскиот производ за вас.
Шведската компанија IKEA го претстави „Sjömärke“, уред за безжично полнење на телефони или таблет уреди, кој ќе работи на секое биро. „Sjömärke“ не е поставен на масата, туку под масата.
Масата мора да биде направена од дрво или пластика за да не го наруши и блокира магнетното поле и мора да биде со минимална дебелина до 22 милиметри.
Кога уредот е поставен под масата, само ставете го телефонот на X ознаката што го означува местото за полнење и вашиот телефон се полни.
IKEA информира дека уредот сам ја контролира температурата за да не се прегрее, што е важно бидејќи се става под дрвена маса.
Овој уред во продавниците ќе може да се купи од октомври и чинат 40 долари.
Извор: B92.net