Новото истражување покажа дека гледањето видеа на TikTok за екстремно слабеење може да му наштети на вашето ментално здравје.

Поминувањето многу време на оваа социјална мрежа, а особено гледањето содржини кои промовираат анорексија, ја нарушува самодовербата на младите жени и го зголемува ризикот од нарушувања во исхраната, покажа истражувањето на Универзитетот Чарлс Стурт во Австралија.

„Нашето истражување покажа дека помалку од 10 минути изложеност на содржината на TikTok која промовира анорексија има непосредни негативни последици врз создавањето идеална слика за телото“, изјавија авторите на студијата.

Тие исто така додадоа дека негативно психолошко влијание може да се случи дури и кога женските корисници не мора да бараат ваков тип на содржина, туку само кратко време ја користат оваа социјална мрежа.

За борба против овој проблем, авторите на студијата препорачуваат построги контроли и прописи поврзани со промовирање на анорексија, нарушувања во исхраната и содржина на TikTok која го промовира „идеалното“ тело.

„Во моментов се преземаат чекори за отстранување на опасната содржина, вклучително и блокирање ознаки како што е #anorexia. Сепак, постојат различни начини на кои корисниците ги заобиколуваат овие контроли и потребна е дополнителна регулација“, нагласуваат авторите на студијата.