Новиот iPad Pro е достапен во две верзии, со дијагонали од 11 и 13 инчи, а компанијата од Купертино тврди дека ова се најтенките таблети што ги направила, дебели само 5,1 милиметар.

Apple вели дека чипот М4 е исклучително „моќен за вештачка интелигенција“ и ќе им помогне на корисниците да ги завршат своите задачи побрзо и поефикасно.

Важна мамка за потрошувачите ќе бидат новите OLED екрани за таблети, односно технологијата што Apple ја користи на своите iPhone уреди.

Новиот iPad Air базиран на чипот М2 доаѓа и во две верзии, така што помалиот таблет е со дијагонала од 11 инчи и неговата почетна цена е 599 долари, а поголемиот е со дијагонала од 13 инчи и ќе се продава по препорачана цена од 799 долари.

Apple претстави нови модели на таблети за прв пат од октомври 2022 година.