Apple наводно работи на различна верзија на својот iPad, која би требало да се појави во 2024 година.
Познатиот и доверлив аналитичар Минг-Чи Куо тврди дека „целосно нов дизајн на iPad со преклопување“ доаѓа во текот на следната година.
„Сигурен сум дека преклопливиот iPad ќе пристигне во 2024 година, очекувам дека овој нов модел ќе ја зголеми продажбата“, изјави Куо.
Тој додаде дека новиот iPad ќе има држач од јаглеродни влакна, поради што треба да биде полесен и поиздржлив.
Куо тврди дека ова може да значи дека всушност нема да видиме нов iPad во следните девет до 12 месеци. Првиот нов iPad што ќе се појави на пазарот најверојатно ќе биде iPad mini, а масовното производство треба да започне во првиот квартал на 2024 година.
Преклопен iPad дефинитивно би бил интересен. Не само што ќе стане првиот преклопен уред на Apple од кој било вид, туку ќе го одведе iPad во сосема нова насока, што ќе го направи подобар „конкурент“ на сопствената линија на компјутери MacBook на Apple.