Прилагодената навигација е веќе достапна за корисниците на Twitter Blue на платформата iOS, а сега ја добиваат и корисниците на Android.
Twitter Blue конечно им дозволи на претплатниците на Android платформата да го приспособат полето за навигација во апликацијата. Функцијата, која претходно беше достапна за iOS, овозможува да се отстрани иконата Spaces која се наоѓа во средината на полето за навигација. Можно е да се отстранат и други табови, доколку сакате.
Со приспособена навигација, можно е да се намали бројот на прикажани табови на минимум две, или максимум пет таба може да се задржат стандардно.
Android, this one is for you—Custom Navigation is now available ?
— Twitter Blue (@TwitterBlue) June 30, 2022
Twitter најпрво започна со тестирање на табот Spaces на iOS минатата година, а потоа го направи табот достапен за Android во мај. Ова е само една од карактеристиките што може да ги привлече корисниците да почнат да ја плаќаат претплатата од 2,99 долари за Twitter Blue.
Сепак, претплатата не може да не спаси од секоја најавена функција и која потенцијално може да ја надмине апликацијата. Twitter неодамна објави дека ќе почне да прикажува повеќе информации во банер кој покажува активни Spaces на врвот на timeline-от.