За производителот на роботот Софија, коронакризата е одлична можност, а Hanson Robots објавија илјадници нови роботи во текот на оваа година.

Напредокот на роботиката во последните години е неверојатен. Во денешно време имаме роботи кои совршено танцуваат, изведуваат вежби како гимнастичари, доставуваат храна, зборуваат како луѓе итн. За компаниите во оваа индустрија, корнакризата е одлична можност, а така размислуваат и во Hanson Robotics од Хонг Конг. Можеби на многумина не им е познато името на оваа роботска компанија, но таа стои зад веројатно најпознатиот хуманоиден робот на светот – Софија, која меѓу другото, се прослави и со изјавата дека луѓето треба да бидат уништени.

Основачот и прв човек на компанијата, Дејвид Хансон во разговор за медиумите изјави дека светот по Ковид-19 ќе биде поинакво место, во кое некои работи ќе се променат, а една од нив е потребата за повисоко ниво на автоматизација. Можностите што се отвораат за роботите се големи. На пример, и самата Софија вели дека роботи како неа можат да се користат во здравството, но и да сегрижат за нега на старите и болни лица.

Хансон вели дека неговите роботи се единствени, затоа што навистина изгледаат како луѓето: „Тоа може да биде исклучително корисно во овие времиња кога луѓето се чувствуваат осамени и социјално изолирани“. Јохан Хорн, професор по социјална роботика, кој ја проучувал и Софија, се согласува со него. Вели дека иако самата роботика е сè уште во почетна фаза, пандемијата навистина би можела да ја зголеми поврзаноста помеѓу луѓето и роботите.

CEO David Hanson adjusts a face of a humanoid robot at Hanson Robotics’ lab in Hong Kong, China January 12, 2021. Picture taken January 12, 2021. REUTERS/Tyrone Siu

Но, здравството е само една од индустриите во кои Софија и роботите како неа би можеле да помогнат, а Хансон вели дека своја улога би можеле да пронајдат и во малопродажбата и во воздушната индустрија. Затоа, тој одлучил да го забрза развојот и производството на роботи и за оваа година најави производство и продажба на илјадници „големи и мали“ роботи. Еден од новите роботи што го развиваат е и Grace, кој ќе се појави на пазарот оваа година, а ќе биде наменет токму за здравствениот сектор.