Samsung е познат по тоа што жестоко реагира на секаков вид на протекување информации, но и сега не успеаја да го спречат тоа.
Наводно, вработен во Samsung добил отказ поради неодамнешните протечени фотографии, а тоа е затоа што заборавил да го отстрани идентификацискиот број на уредот, па така бил пронајден.
He lost his job. https://t.co/TB1S8DXrDT
— Max Jambor (@MaxJmb) December 18, 2024
Ова не се случува прв пат, а сега кога започна лавината од протечени фотографии, тешко е да се спречи.
Деталите за серијата Samsung Galaxy S25 сигурно ќе ги знаеме за еден месец, а засега на интернет се појавија слики за тоа каков најверојатно ќе биде дизајнот на телефонот.
Врз основа на овие рендери, можеме да заклучиме дека претходните информации се точни. Galaxy S25 Ultra најверојатно ќе има подебели рамки од некои негови претходници, што добро ќе им се најде на корисниците на Samsung. Исто така, S25 Plus ќе оди уште подалеку во овој поглед, па јасно ќе се разликува од Galaxy S24 Ultra.