Експериментален лек кој првобитно се развивал за лекување на грипот покажал ветувачки резултати против коронавирусот и може двојно да делува на Ковид-19, објавија герамански научници.
Лекот наречен запнометиниб или ATR-002, потенцијално може да го сопре ширењето на вирсуот во клетките и истовремено да го намали претераниот имуносен одговор кој влијае на развојот на тешки облици на болеста во случај на зараза со корона вирус, покажаа експериментите ин витро (во епрувета).
Активната состојка запнометиниб, кој изворно е користена за развој на лек против грип, покажала дека е делотворна во разни модели на клеточни култури, меѓу кои и против САРС-Ков-2.
Тоа подразбира широка применливост во соочување со претстојните варијанти на корона вирусот со кои ќе се сретнеме во иднина.
Во моментот во тек се испитувања на животни за да се потврдат наодите.
Резултатите од студијата, кои се објавени минатата недела во стручниот магазин Cellular and Molecular Life Sciences, се добар темел благодарение на кој Институтот за лекови и медицински производи даде одобрение на производителот „Атрива терапеутикс“ лекот да се тестира и на луѓе.
– Прв пат гледаме кој и да е лек да покажува двојно дејство против Ковид-19 – рече коавторот на студијата Стефан Лудвиг виролог од Институтот за вирусологија на Универзитетот во Мунстер.
– Позитивните резултати на клиничките студии на луѓе кои се во тек може да резултираат со итно одобрени за лекот уште оваа година – вели Лудвиг.