На Kickstarter се појави ѕиден полнач со назив „Кадо“ кој што е различен од останатите по тоа што е исклучително тенок и практичен.
Дебелината на овој ѕиден полнач изнесува само 7 милиметри и се смета дека е најтенкиот полнач на светот. Купувачите можат да изберат дали сакаат Lightning, USB-C или Micro USB кабел за полнење на уредот кој лесно се сместува внатре во полначот кога ќе завршите со полнење.
„Кадо“ ги полни уредите до 10W, а поддршува и брзо полнење. Во продажба е пуштена американска Type A, како и европска Type C/E/F верзија, така што може да се користи во сите делови на светот.
Цената на овој практичен полнач изнесува 39, односно 44 долари за пакет кој што вклучува додаток кој што овозможува лесно собирање на кабелот на задниот дел од телефонот. Сепак, важно е да се напомене дека „Кадо“ засега може да се користи само како полнач, а не како и екстерна батерија.