Новиот хуманоиден робот е производ на британската компанија Engineered Arts. Станува збор за робот кој многу наликува на човек и е способен да демонстрира речиси идентични фацијални експресии.
Од компанијата велат дека Амека е совршена платформа на хуманоиден робот за интеракција на луѓето и роботите. Видото е објавено на Јутјуб каде се прикажува роботот во “акција” и докажува дека тврдењата на компаниите се вистинити.
Машината во сива боја е слична и на ликовите од филмот “I, Robot” и може да покаже низа човечки емоции проследени со реалистични движења на очите.
Изгледа дека во овој случај станува збор за програмирана демонстрација, Амека се буди, потоа љубопитно гледа во своите раце, а потоа изгледа изненадено кога забележува дека ја снимаат.
“Емотивниот” робот е веќе достапен за купување и изнајмување. Моментално е во форма на стационарен модел, но девелоперите планираат да го унапредат и ветиле дека Амека еден ден ќе почне да се движи.
Извор: Novosti.rs